Протест на вработените во финансии пред Уставен

Вработените во Министерството за финансии денеска протестираа пред зградата на Уставниот суд по одлуката со која времено се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 отсто на вработените во Министерството и во другите органи на управата, кои се опфатени со автентичното толкување.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, побара од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, да им одговори како тоа во најбрз можен рок се зема иницијативата поведена од граѓанинот против член 66 став 3 од Законот за буџетите, со која се донесе привремена мерка и за која на вработените од Министерството за финансии и на сите органи нема веќе да им се исплаќа дополнувањето на платата од 30 отсто.
Од Синдикатот на УПОЗ, меѓудругото, прашуваат дали вработените ќе ги враќаат парите што ги земаа до сега, но и на кој начин вработените во Уставниот суд земаат плата – дали имаат закон, колективен договор или по некој друг подзаконски акт се зема плата.