СПОРТФУДБАЛ

Ман. Јунајтед, 100 млн евра за младата звезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш би можел да го напушти лисабонскиот клуб во јануарскиот преоден рок со отштета од најмалку 100 милиони евра, пренесува „Абола“.

Advertisements

Невеш (19) има договор со Бенфика до 30 јуни 2028 година. Португалските медиуми пренесуваат дека клубот од Лисабон е подготвен да го продаде младиот фудбалер во јануари следната година во случај на добра понуда.

Најголем интерес за фудбалерот на Бенфика покажува Манчестер Јунајтед кој сака да го ангажира Невеш на крајот од сезоната. „Црвените ѓаволи“ сметаат дека фудбалерот на Бенфика е идеална замена за Кашемиро, кој на лето би требало да го напушти „Олд Трафорд“.

Челниците на Манчестер Јунајтед планираат да го намалат обештетувањето на младиот фудбалер во разговори со претставниците на Бенфика. Невеш оваа сезона одигра 25 натпревари за Бенфика и постигна еден гол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button