ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ригорозни мерки најавува албанската опозиција доколку во наредните три дена не се свика собраниска седница за избор на член на ДИК

Ригорозни мерки најавува албанската опозиција доколку во наредните три дена не се свика собраниска седница за избор на член на ДИК

Ригорозни мерки најавува албанската опозиција доколку во наредните три дена не се свика собраниска седница за избор на член на ДИК од нивните редови. Првиот човек на Движењето Беса Билал Касами во интервју за Алсат ги појасни следните чекори, меѓу кои и спречување на одржување избори во опозициските општини.

Advertisements

„Доколку Собранието не го реши ова прашање до крајот на оваа календарска година, тогаш од 1 јануари Европскиот сојуз за промени ќе ја бојкотира работата на Собранието со своите пратеници, но ќе продолжат другите чекори во насока на блокирање на работат. на Собранието, во насока на отворени протести… и неможноста да се организираат избори во албанските општини. Знаеме дека главната инфраструктура во организацијата на изборите ја обезбедуваат локалната самоуправа, општинските објекти, училишните објекти..“, рече Билал Касами, претседател на Движењето Беса.

На пленарната седница пратениците ќе треба да одлучат меѓу двете предложени имиња, Абдуш Демири, поддржан од Движењето Беса и Зулфи Адили, поддржан од Европската демократска партија на Аријан Хоџа. Демири ќе ја има поддршката и од ВМРО-ДПМНЕ, која исто така оценува дека местото член на ДИК, кое сега е празно, и припаѓа на албанската опозиција. Демократската лига на Павле Трајанов преку соопштение ја повикува власта да не го кочи овој процес.

„Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на членот на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците бидејќи тоа е законска обврска. Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и учествува со свои министри во Владата и на други владини нивоа и нема законска основа да предложи, поточно да поддржи кандидат за член на ДИК. Одредбите од Изборниот законик се јасни, а пречките од ДУИ и од СДСМ упатуваат на можно сценарио за прекршување на изборните правила и оспорување на изборните резултати“, велат од Демократски сојуз.

ДИК, според законот, се состои од седум члена, од кои четворица треба да се од власта, а тројца од опзицијата вклучувајќи го и претседателот.

Алијанса за Албанците имаше член во ДИК до февруари, но со преминот на власт, столчето остана празно.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button