ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не петарди, безбедноста пред се

Не петарди, безбедноста пред се

Кампањата во центарот на Скопје со мотото „Не петарди, безбедноста пред се“, се организираше во соработка со Црвениот крст и Министерството за внатрешни работи, со цел подигнување на свеста на граѓаните за последиците од употребата на пиротехнички средства.

Advertisements

Според Спасовски, во акциите спроведени минатата година, запленети се околу 87.000 пиротехнички средства, додека годинава, само во последните десет дена, запленети се околу 40.000.

„Нашето учество со активностите што ги организираме е со единствена цел, да ја подигнеме свеста кај младите за ризикот што може да го предизвика употребата на пиротехнички средства. И оваа година, како и во годините што доаѓаат, ќе продолжиме со слични активности, бидејќи придонесуваме за спречување на ризикот што го носи за животот на младите“, рече Саит Саити- генерален секретар на Црвен Крст.

Кај нас, за нелегалните продавачи на пиротехнички средства, согласно законот, предвидена е казна затвор од 3 до 10 години, додека за корисниците на пиротехнички средства парична казна од 200 до 500 евра. Според податоците, секоја година 150 илјади луѓе во светот остануваа со трајни последици поради употреба на пиротехника, а 80% од нив се деца на возраст под 16 години./алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button