
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс де Лихт, е цел на „Tопчиите“ на крајот од сезоната, пишува „Сан“. И покрај желбите на Микел Артета да го засили тимот во текот на зимата, новите имиња ќе мора да почекаат до летото поради финансискиот фер-плеј.
Амбициите на Арсенал пораснаа по големиот напредок и вклучувањето во борбата за титулата во Премиер – лигата минатата и оваа сезона.
Де Лихт (24) во моментов е надвор од терените поради повреда, а оваа сезона за Баерн одигра 11 натпревари и постигна еден гол. Холандскиот фудбалер има договор со гигантот од Минхен до 30 јуни 2027 година.