ЕСП: ДУИ склучува договори со фирми од Белград за двојно повисоки цени

Европскиот сојуз за промени ја обвинува ДУИ дека иако се фали со техничкиот премиер кој нема да има законска надлежност, од друга страна ја продлабочува соработката со фирми од Белград, чии сопственици, според српските медиуми, се осомничени дека се криминални структури на српското подземје.
„Неодамна фирмата НОВО ВЛТ, која е во сопственост на државната лотарија, каде членови на управниот одбор се Пепарим Бајрами, Омер Буњаку и Артан Спахиу, сите членови на ДУИ, потпишаа договор вреден 3 милиони 700 илјади евра, со компанијата HTL Македонија, на која сопственоста и е од Белград, додека содржината на овој договор е набавка на 462 VLT уреди за уништување на семејството и животите на нашите граѓани. За информирање на јавноста, пред една година кога државната лотарија ја водеше друг директор , 500 уреди VLT беа исплатени 2 милиони евра, значи двојно помалку од сега“, рече Орхан Муртезани, ЕСП.
Европскиот сојуз за промени ја прашува ДУИ, зошто не се толку не биле толку ангажирани да ги заштитат интересите на Косово, чиј територијален интегритет бил директно нарушен од како што велат, српските терористи и дали овие бизниси се причина зошто тие го поддржувале проектот на Александар Вучиќ за Отворен Балкан .
Ајнур Бафќари