Адеми: Исходот од постапката за одговорност ќе ја одреди иднината на македонското судство

Исходот на оваа постапка ќе ја одреди судбината на нашето судство. За нас ова е многу значаен историски ден. По исходот на оваа постапка ќе се исцртаат патоказите по кои ќе се движи правосудството во иднина, за неговата независност, рече претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на расправата пред Судскиот совет за нејзина дисциплинска одговорност.
Таа додаде дека потегот на Судскиот совет да расправа за нејзино разрешување по дадените изјави за политичко влијание во судството, претставува повреда на слободата на изразување. Нејзината адвокатка Павлина Зефиќ-Јакимовска, посочи дека ваков случај имало во Европскиот суд за човекови права, каде е утврдена повреда на слободата на изразување.
Адеми рече дека очекува запирање на постапката, а не нејзино разрешување.
Постапката сѐ уште е во тек…