Составот на техничката влада ќе се знае по празниците
Составот на техничката влада ќе се знае по празниците

Ниту лидерската средба ниту имињата на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада нема да се знаат пред Нова година. Следните денови политичарите ќе ги искористат за празници додека а привите чекори во оваа насока се очекуваат неколку дена подоцна.
Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не соопштуваат кога ќе ги имаат партиски состанок на кој би се одлучувало за техничката влада. Сепак, премиерот вели дека сите детали околу составот, оставките што треба да се случат и изборот на техничката влада ќе бидат познати во втората половина на јануари.
Дотогаш и премиерот и претседателот на Собранието Талат Џафери треба да поднесат оставки. Спикерот ќе биде избран за премиер , но не е јасно дали функцијата прв вицепремиер останува во рацЕте на ДУИ.
СДСМ пред неколку дена одлучи Митко Бојмачалиев, актуелен шеф на кабинетот на министерот Оливер Спасовски, да биде заменик министер за внатрешни работи во техничката влада. Дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика ќе биде актуелната министерка Јована Тренчевска. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе министерските позиции, за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Партијата на Мицкоски треба да има и дополнителни заменици министри за финансии, администрација и земјоделство./алсат.мк
Фатлуме Дервиши