ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голема посетеност на Охрид и Струга за новогодишните празници

Голема посетеност на Охрид и Струга за новогодишните празници

Голем број на иселеници во Западна Европа дојдоа во Струга за Нова година, најмногу од Италија, Германија и Швајцарија. Хотелските капацитети и приватното сместување покрај Охридското езеро се околу 80 до 100 посто исполнети за продолжениот празничен викенд, со гости од соседните држави.

Advertisements

„Со Бугари сме исполнети до последната соба.Најавите се одлични,веќе два месеци немаме слободна соба за Нова година.Сите имаат некоја солидна исполнетост.Некои од колегите не организираат дочек,имаат само сместување со појадок.Зависи од побарувачката“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

„Охрид ќе биде навистина посетен.Најавени се гости од соседните држави. Србија,Бугарија,Грција, Албанците се овде цело време.Ќе дојдат и доста Хрвати.И веќе со оваа поврзаносат што ја имаме со аеродромот во Охрид и аеродромот во Тирана, најавени се доста посетители од Шпанија и мислам дека оваа година за новогодишните празници, ќе има голем наплив на туристи“, нагласи Климент Наумов-туристички водич.

Но за разлика од минатите години, овој пат, цените на аранжманите се повисоки за околу 20 до 30 посто поскапи.Во локалните ресторани цената за дочек се движи од 50 до 70 евра.

„Продаваме само пакет со три ноќеавања, на база „се вклучено“ .249 евра по лице во двокреветна соба.Имаше пораст на трошоците вои изминатиот период, и мора да се поместат и цените, но сметаме дека тоа не е некое големо зголемување споредбено со соседните земји“, додаде Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

Во Охрид ќе има организиран дочек на Нова година на градскиот плоштад на 31 декември до домашни изведувачи од Македонија, додека во Струга исто како и изминатите години, нема да има никаква забава./алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button