ВЕСТИСВЕТ

(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, стотици уапсени

Во Берлин на новогодишната ноќ избувнаа нереди во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет. Уапсени се повеќе од 300 луѓе, јавија агенциите.

Advertisements

Најмалку 15 полицајци се повредени, а повеќе од 300 лица се уапсени во немирите во Берлин на новогодишната ноќ.

Демонстрантите, главно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, пренесува Билд.

Најголемите судири се забележани пред Црвеното градско собрание кај Александарплац.

Немири избувнаа и во Лихтенраде, јужно предградие на Берлин.

Десет лица со тешки повреди се примени во болница во Берлин.

Во Нојколн гореше пензионерски дом. Наводно, ракетата влетала низ прозорецот. Никој не е сериозно повреден, неколку лица настрадале од вдишување чад. Во Кобленц од експлозија на петарда загина 18-годишник, а полицијата го истражува случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button