Спасовски: Новогодишната ноќ помина главно мирно

На територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на цела држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски информира дека од страна на полицијата имало засилено присуство на терен и биле преземени координирани мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба.
– Имало единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно 12 кривични дела на територијата на цела држава, најчесто недозволена трговија со дрога и едно загрозување на сигурноста. Имаме регистрирани прекршоци по Законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите сектори за внатрешни работи. Имаме регистрирано два прекшоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територија на државата, изјави Спасовски.