
Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Јае-Мјунг, е избоден со нож во вратот за време на посетата на пристанишниот град Бусан во југоисточниот дел на земјата.
Нападот се случил додека 59-годишниот Ли држел прес-конференција за новинарите, кога од толпата излетал маж кој го прободел јужнокорејскиот опозиционер на левата страна од вратот.
По првично укажаната помош во болницата во Бусан, Ли со хеликоптер е пренесен во болница во Сеул.
Првичните лекарски извештаи говорат дека неговата состојба не е животозагрозувачка, но постои можност за зголемено крварење поради оштетувањето на југуларната вена која ја носи крвта од главата до срцето.
На снимките од нападот кои беа објавени на социјалните мрежи се гледа како непознатиот маж во толпата го напаѓа Ли додека тој одговара на новинарски прашања. Објавени се и фотографии на кои опозиционерот е легнат на земја со затворени очи, а некој му држи шамивче на вратот во обид да се запре крварењето.
Осомничениот напаѓач, наводно првично се претставил како поддржувач на Ли, барајќи му автограм, а потоа ненадејно го нападнал. Уапсен е на самото место, но засега одбива да ги каже мотивите за нападот.
ВИДЕО од нападот објави и Ројтерс на својот Јутуб канал.