СВЕТ
Ерупција на вулкан во Индонезија, евакуирани околу 1200 луѓе

Властите на островот Флорес во Индонезија евакуираа речиси 1200 луѓе од селата во близина на вулканот Левотоби, откако исфрли пепел и чад до висина од 1500 метри во воздухот, изјави денеска официјален претставник.
Вулканот, кој се наоѓа во областа Источен Флорес во источната провинција Источна Нуса Тенгара, еруптираше вчера, што ги натера властите да го подигнат нивото на тревога на второ највисоко ниво.
Ова е втора ерупција за помалку од две недели откако вулканот на 23 декември еруптираше за прв пат по 20 години.