ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тепачка меѓу полицајци во полициска станица во Тетово

Тепачка меѓу полицајци во полициска станица во Тетово

Од полицијата потврдуваат дека на тепачката меѓу полицајците во полициската станица Тетово претходеле претходни приватни расправии меѓу двајца колеги Даут Лика и Фитим Хасани. Полицијата извршила службен информативен разговор со полицајците инволвирани во случајот додека се работи на целосно расветлување на случајот.

Advertisements

„Синоќа (04-јануари) во 21:30 часот, Ф.Х.(44) од Пирок, Тетово во СВР-Тетово пријавил дека околу 16:00 часот, пред да влезе во дворот на СВР-Тетово, физички бил нападнат од Д.Л.(39 ) од Тетово поради нивни претходни приватни несогласувања. Службен информативен разговор е извршен со двајцата полициски службеници на СВР Тетово инволвирани во овој случај. Во расчистувањето и документирањето на случајот беше вклучен Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од СВР Тетово.

Според информации на Алсат, инволвираните во расправијата се роднини на политичари. Даут Лика е зет на првиот човек на огранокот на ДУИ за Тетово, Фатон Ахмети додека Фитим Хасани е брат на поранешниот заменик министер за одбрана Башким Хасани кој пред неколку месеци излезе со Огнената група./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button