Нема притвор за осомничените во упадот во Контрола за летање
Нема притвор за осомничените во упадот во Контрола за летање

Функционерот на ДУИ и Беким Незири и останатите осомничени ќе останат без пасошите. Обвинителството ги товареше за загрозување на воздушниот сообраќај за кое минималната затворска казна е пет години. Упадот и нападот во М-НАВ е извршен во моментот кога на небото имало 28 авиони
СКОПЈЕ – Судија на претходна постапка во скопскиот Кривчен суд доцна синоќа им одреди мерки на претпазливост на четворицата осомничени за упадот во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром во моментот кога контролорите на летање воделе 28 лета на воздухоплови на небото над Македонија а два од нив биле авиони на НАТО упатени да слетаат во Скопје.
Нејасно е дали функционерот на ДУИ Беким Незири кој е советник на извршниот директор во М-НАВ и кој го предводеше упадот и нападот смее да оди во М-НАВ каде е вработен .