ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети
Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети

Завчера во Македонија, се случи настан, кој не е виден не само во Европа, туку и во најнеразвиените земји во светот.
Како што дознаваме, неофицијално, во моментот на насилниот упад, на македонското небо вршеле прелет околу 40 авиони, а 2 авиони, од кој еден бил на сериозна авио компанија, кружеле над Скопје повеќе време и чекале дозвола за слетување.
Во текот на денот имало и две слетувања на НАТО воздухоплови на аеродромот во Скопје.
Да биде трагедијата уште поголема, во упадот учествувало и самото обезбедување, кое има задача да го штити објектот, но очигледно тоа не се случило, туку овие лица играле улога на поддршка на насилниците.