ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште нема трага од избеганиот екс-функционер на ДУИ, Исмет Гури

Сè уште нема трага од избеганиот екс-функционер на ДУИ, Исмет Гури

Распишана е потерница за поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури. Тој бил во притвор, но од здравствени причини мерката му била заменета со куќен притвор. Ден претходно полициските службеници не можеле да го најдат на наведената адреса. Бегството се случи во моментот кога Обвинителството побара Гури да биде вратен во затворот Шутка.

Advertisements

„Кривичниот суд е известен од МВР дека при контрола на полициските службеници Исмет Гури не бил пронајден на адресата каде што требало да биде во домашен притвор. Против него е распишана централна потерница“, велат од Кривичен суд.

Исмет Гури во јули минатата година, заедно со уште 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП беа уапсени под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама со оштетување на големи фирми за околу 2 милиони евра. Гури заедно со дел од осомничените формирале непостоечки фирми на кои им давале фиктивни потврди од УЈП за враќање на ДДВ. За Исмет Гури, заедно со другиот поранешен функционер на ДУИ, Ејуп Алими, судски процес имаше и за случајот „Титаник“ за уништување изборен материјал. За тоа минатата година судот изрече условна казна затвор. Обвинението за случајот „Титаник 3“ во 2017 година го отвори поранешното Специјално обвинителство. Гури и Алими се обвинети за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година кога го смениле записникот од гласањето во Чаир./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button