ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО се жали за „меките“ мерки на претпазливост за напаѓачите во М-НАВ

ОЈО се жали за „меките“ мерки на претпазливост за напаѓачите во М-НАВ

Четворица од осумте осомничени беа спроведени во Кривичниот суд за сторено кривично дело – повреда на безбедноста на воздушниот сообраќај. Меѓу нив со лисици го внесоа и Беким Незири, висок политички функционер на ДУИ. По него полицијата ги донесе и осомничените Авдил Османи, Рамадан Брава и четвртиот, чиј идентитет не е познат во јавноста.

Advertisements

По повеќечасовен распит, дежурниот судија на претходна постапка одлучи да донесе мерка претпазливост за четворицата, иако обвинителството побара притвор поради можноста да избегаат, да влијаат на уништување докази, да им се закануваат на сведоците и да го повторат делото. Јавното обвинителство денеска поднесе жалба на решението на судијата. Судот во рок од 24 часа треба да ја разгледа.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице и ги попречиле услугите на аеродромот.
Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години“, велат ОЈО Скопје.

Врз основа на член 146 алинеа 1 од кривичната постапка, осомничените не смеат да го напуштат живеалиштето, поточно местото на живеење, должни се да се појавуваат пред службеното лице определено во судот и им се одземаат патните исправи.

Поранешниот министер за економија Беким Незири, кој е актуелен советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, неофицијално, се сомничи дека учествувал во насилството заедно со другиот осомничен, Ерсен Сали. Уште четворица чии иницијали надлежните не ги соопштуваат и понатаму се во бегство и полицијата трага по нив во земјава.

„Полицијата трага по четворицата бегалци. Министерството за внатрешни работи презема мерки на целата територија на државата со централна потерница за приведување на четворица осомничени во случајот М-НАВ“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Друга прашање во случајот е кој стои зад безбедносната компанија „2SS Security“ која не реагирала да го спречи нападот? Според извори на Алсат, сопственик на фирмата е Самир Билбилоски, близок до возачот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Извори од М-НАВ посочуваат дека фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно неофицијално се смета за фирма на партијата на Ахмети. Иако го доби тендерот за чување на просториите на Акционерското друштво за контрола на цивилните летови во Македонија, вработените во „2SS Security“ дозволија неовластени лица да влезат во радарската кула на скопскиот аеродром, каде беа нападнати тројца контролори за време на работното време во четвртокот околу 15:15 часот. Според Кривичниот законик, се очекува „2SS Security“ да сноси кривична одговорност дека не ги заштитувала објектите од национален безбедносен интерес, како што е кулата на М-НАВ. Имено, партиската поврзаност на газдата на фирмата со првиот човек на ДУИ во Чаир, Беким Незири, довело до непречено отворање на рампата за да влезат два автомобила во кои се смета дека биле седумте лица кои дошле по наредба на Незири, кој наводно ја злоупотребил картичката за влез во објектот./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button