
Најдобриот кошаркар на Мемфис Гризлис по само девет одиграни натпревари ја заврши сезоната во НБА лигата.
Откако поради сите глупости од минатата сезона беше суспендиран, откако се врати на терените одигра само девет меча, а сега го очекува нова пауза.
Одличниот бек на Гризлис мора да замине на операција на рамото поради која ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната. Откако се врати на терените тој им помогна на Мемфис да се вратат на победничките патеки, но неговото ново отсуство ќе значи и крај на амбициите за плеј-оф на тимот од Тенеси.