
Централниот дефанзивец на Евертон, Џерад Брантвејт, го привлече вниманието на Реал Мадрид, објавија медиумите на Островот. Шпанскиот гигант сигурно ќе доведе нов играч во одбраната и 21-годишниот англичанец е една од опциите.
Брантвејт има добра сезона откако формирапе солиден тандем со Џејмс Тарковски. Со добрите настапи тој обезбеди нов тригодишен договор, а заедно со тоа веќе го привлече интересот на неколку од големите клубови во Премиер лигата, меѓу кои Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, многу добро ги знае квалитетите на Брантвејт, кој дебитираше за првиот тим токму под водство на италијанецот.