ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 69. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање.

Advertisements

Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Како што стои во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страница, со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомт клуб.

-Основни решенија на предложениот Закон се: соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа мора да поседуваат репутација; деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа треба да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта; начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button