Постапката за Дрин Ахмети сè уште тапка во предистражна фаза
Постапката за Дрин Ахмети сè уште тапка во предистражна фаза

Празниците помина, а „огнометот“ на Дрин Ахмети остана под тепих. Сè уште нема ништо ново во истрагата по запленувањето на 750 пиротехнички средства во автомобилот на Дрин Ахмети со албански регистарски таблички ноќта пред Нова година.
„За овој случај сме во предистражна фаза и со случајот се занимава надлежниот обвинител. Сега не можеме да откриеме повеќе детали додека случајот не биде целосно разрешен и ќе ја известиме јавноста“, велат од Јавно обвинителство.
Пред 5 дена заврши експертизата на пиротехничките средства. Од МВР велат дека случајот го предале во Обвинителството во форма на известување, што значи дека полицијата топката ја префрла во таа иснтитуција. Според МВР, за прекршокот треба да се постапува по член 396 од Кривичниот законик за неовластено изработување, држење и тргување со експлозивни средства.
„Согласно член 396, оној кој неовластено произведува, чува, продава, набавува или тргува со огнено оружје, муниција или експлозивни направи, ќе се казни со затвор од 3 до 10 години“, се вели во Кривичен законик
Од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го одолговлекувањето на случајот со Дрин Ахмети, обвинуваат дека власта ги штити криминалот и корупцијата затоа што се вмешани нивни луѓе.
Името на Дрин Ахмети на пошироката јавност ѝ стана познато откако стана газда на 39% од Трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје, чија вредност се проценува на над 30 милиони евра. Тогаш ниту полицијата, ниту обвинителството не беа заинтересирани да го проверат потеклото на парите за оваа купопродажба. Антикорупциската комисија пак, не постапи затоа што Дрин Ахмети не е државен функционер./Алсат.мк
Аднан Ќаили