Руски рулет со Законот за коцкање преку ЕУ-знаме
Руски рулет со Законот за коцкање преку ЕУ-знаме

Дури и во второто читање на Законот за коцкање, предложен пред неколку месеци од страна на Министерството за финансии, Владата не се откажува од предложените одредби. Комисијата за европски прашања ги разгледува поднесените 19 амандмани, од кои најголем дел се од опозицијата. Дебатата би можела да трае три дена, а со цел да се избегне блокирањето, Владата предлог-законот го поднесе под знамето на ЕУ.
Меѓу другото, опозицијата побара да се ифрли предложениот член кој предвидува Министерството за финансии да ја цени репутацијата на компанијата која бара лиценца за игри на среќа. Исто така од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлогот кој предвидува дислокација на обложувалниците и казината подалеку од училиштата е само камуфлажа за легализирање на нелегални активности кои директно ги поврзуваат со сомневања за вмешаност на Артан Груби и негови роднини.
Но, од ДУИ велат дека ако ВМРО била искрена за регулирање на игрите на среќа, двата претходни предлози во Комисијата за финансии предводена од Бојан Стојановски од ВМРО немало да бидат блокирани.
„Овие амандмани се подготвени од казината, Здружението за казино и обложување. Сега имам прашање за вас. Кој интерес вие штитите? Општиот интерес на граѓаните кои ги дерат казината или интересот на оние кои ги дерат граѓаните? Тоа што го велам е дека доволно е да се погледне амандманот што го поднесовте, ВМРО-ДПМНЕ, каде велите од 500 метри оддалеченост од училиштата да се намали на 250 метри. Замислете“, рече Арбер Адеми, ДУИ.
Владата тврди дека законот ги штити младите и го регулира аспектот на добивање лиценци за компаниите кои овозможуваат игри на среќа.
А, додека пратениците во Собранието дебатираа надвор се одржа нов протест на организациите за игри на среќа. Според нив, ако измените поминат, тогаш десетина илјади вработени може да останат без работа, а државниот буџет да остане без 280 милиони евра годишни приходи. Ќе има масовни протести и судски постапки.
Од Здружението за регулирање на игрите на среќа и Здружението на спортски обложувалници велат дека зад предлог-законот се кријат лични придобивки на лица од власта./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши