
Германските ракометари јa совладаа Швајцарија со 27:14 (13:8) во натпреварот од првото коло на Европското првенство на кое се домаќини.
На фудбалскиот стадион во Дизелдорф, 53.586 гледачи ги предводеа „Панцерите“ до воведниот триумф на шампионатот, со што беше срушен светскиот рекорд за посетеност на ракометен натпревар.
Германија до победата ја предводеше феноменалниот голман Андреас Волф со 14 одбрани, додека најдобар стрелец кај домашните беше Јури Нор со шест гола. Во репрезентацијата на Швајцарија се истакна Лени Рубин со четири гола. Претходно, Франција беше подобра од Македонија со 39:29.