ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Седници на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има ли заклучоци за министрите и дополнителните заменици министри во техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет. Засега нема официјална најава за тоа дали од овие седници ќе произлезат заклучоци за тоа кој ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри од партијата во техничката влада која треба да се формира најдоцна на 28 јануари.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по литургијата на Божик, најави дека на 11 јануари на седници на овие тела на партијата ќе се разговара за имињата на кандидатите за министри и заменици-министри за техничката влада, но не кажа дали тие вечерва ќе бидат соопштени. Во изјава претходно, Мицкоски рече дека имињата на министрите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти после Водици.