ЕКОНОМИЈА

„Алкалоид“ пушти во употреба нов објект, инвестицијата 3,8 милиони евра

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ пушти во употреба нов објект кој нуди централизирано решение за подготовка и движење на вработените низ фармацевтските производствени капацитети. Комплексноста на оваа инвестициска фаза произлегува од потребата за функционално поврзување со сите производни единици и пакување на цврсти, полуцврсти и течни фармацевтски форми, се вели во соопштението на Алкалоид. Вкупната површина на новата зграда е 4.100 м2, за чија изградба и опремување се инвестирани 3,8 милиони евра. Со ова Алкалоид го заокружи првиот квартал од 20-годишниот инвестициски план, со пуштени во употреба 10.720 м2 фармацевтски капацитети и со инвестиција од 18,6 милиони евра.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button