ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наутро студено, преку денот сончево

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност – вакво време според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава.

Advertisements

Ќе дува умерен ветер кој ќе засилува долж Повардарието и во источните делови од земјата. Брзината на ветерот, кој ќе дува од северен и северозападен правец, ќе достигне брзина и над 60 километри на час.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -9 до -1 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 0 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -6 до максимални 4 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button