СПОРТФУДБАЛ

Медиумите: Лука Модриќ ce сели во Саудиска Арабија и Ал Хилал

Следна станица во кариерата на Лука Модриќ ќе бидат Саудиска Арабија и Ал Хилал, за кои настапуваат српските играчи Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Тука е и повредениот Нејмар.

Advertisements

Ал Хилал бил заинтересиран да го доведе Хрватот во летото 2023 година и наводно му понудил тригодишен договор вреден 300 милиони евра. Сепак, капитенот на хрватската репрезентација го продолжи договорот со Реал.

Овојпат мадридскиот весник “AC” не можеше да потврди дали Модриќ има идентична понуда на маса, но беше потенцирано дека се работи за огромна сума на пари. Добитникот на Златната топка дојде во Реал Мадрид од Тотенхем во 2012 година за тогашни неверојатни 35 милиони евра и оттогаш стана клупска икона.

По тешката фаза на прилагодување, тој стана важен столб во срцето на средниот ред, забележувајќи 510 настапи за гигантот од Мадрид. Тој постигна 38 гола и забележа 82 асистенции за соиграчите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button