ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Препораките на ЕУ да бидат приоритет

Гир: Препораките на ЕУ да бидат приоритет

Европската унија очекува препораките од извештајот на Европската комисија во однос на борбата против криминалот и корупцијата да бидат приоритет на Судскиот совет и новата влада по изборите. Ова го изјави амбасадорот Дејвид Гир во интервју за МИА.

Advertisements

„Управниот суд донесе одлука за враќање на Весна Дамева на позицијата прв човек на Судскиот совет. Сега е вистинска можност Судскиот совет да постапи по препораките до кои има пристап. Чекор напред би било да се започне со имплементација на препораките. Тогаш реалноста за која би зборувале во постизборно сценарио би била новата влада и новиот парламент да дејствуваат и да се спроведат и останатите препораки“, рече Дејвид Гир, евроамбасадор.

Гир изјави дека загриженоста за измените во Кривичниот законик е потврдена бидејќи има зголемување на случаите на неказнивост и дека законот има дупки кои треба да се затворат. Евроамбасадорот се надева дека добрата работа на Комисијата за спречување на корупцијата ќе продолжи и со новиот состав што ќе стапи на функција во февруари.
За последните случувања во македонска навигација, амбасадорот Гир вели дека државата мора да го обезбеди овој критичен инфраструктурен објект и вработувањата да се вршат без политички влијанија.

„Императив е вработувањето во јавните институции да се врши врз основа на заслуги, поточно квалификации, искуство и вештини, а не врз основа на политичка припадност или лични врски. Државата мора да ги следи правилата на ЕУ, особено во однос на управувањето со навигациските услуги. Конкретно, државата мора да обезбеди задоволително ниво на независност на управувањето со навигацијата и мора да обезбеди вработувањата во оваа служба да се во склад со правните квалификации, додека човечките ресурси мора да се управуваат на таков начин што ќе се почитува пред се безбедноста и ефикасноста на институцијата“, изјави Дејвид Гир, евроамбасадор.

Гир потсети дека ЕУ побарала да се истражат сомнежите за политички вработувања во М-НАВ и за инцидентот од пред неколку дена./Алсат.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button