ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шуто Оризари, полесен пристап на жителите до јавните служби

Шуто Оризари, полесен пристап на жителите до јавните служби

УНДП и општината „Шуто Оризари“ потпишаа договор за отворање на ресурсен центар за повратници и други категории маргинализирани лица. Преку овој центар граѓаните на оваа општина ќе имаат полесен пристап до здравствени, социјални услуги, вработување, образование како и пристап до правна помош.

Advertisements

Според премиерот Димитар Ковачевски, со отворањето на овој центар жителите ќе имаат полесен пристап до сите државни служби.

Овој Центар треба да обезбеди социјална и економска реинтеграција на жителите на Шуто Оризари и ќе создаде повеќе можности за повратниците да станат поактивни на пазарот на трудот а се очекува да биде завршен до крајот на оваа година. Целиот проект ќе чини околу 180 илјади евра, од кои околу 81 илјада евра ќе се обезбедат преку ЕУ, додека остатокот ќе го обезбеди самата општина Шуто Оризари./Alsat.mk

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button