Опизиција: Оставка од членовите на Судски за политичките нарачки од ДУИ
Опизиција: Оставка од членовите на Судски за политичките нарачки од ДУИ

Албанската опозиција бара оставка од двајцата членови на Судскиот совет, Селим Адеми и Милазим Мустафа. Причина за ова, според Европското движење за промени, е фактот што Адеми и Мустафа преку политички нарачки го нарушиле имиџот на судскиот совет и воопшто на судскиот систем со нивните иницијативи против Весна Дамева и Беса Адеми. Според Ардијан Демири, штетата што Адеми и Мустафа му ја нанеле на правосудниот систем е ненадоместлива.
„Има два клучни моменти кои им задаваат многу голем удар на партиите од власта, особено на ДУИ, бидејќи двете иницијативи на двајцата поединци кои се партиски предлози во Советот, вчера го добија заслужениот удар од нивните колеги, но од друга страна, мислам дека ваквиот наод не е доволен, мислам дека е морална обврска двајцата иницијатори на двете постапки против Дамева и Адеми, како морален чин, да дадат оставки.Ддиректно и индиректно нанесоа непоправлива штета на судскиот систем и на државата воопшто, со тоа што преку политичко влијание индиректно сакаа да создадат предуслови за повторно враќање на Груевски на политичката сцена во Македонија“, рече Ардијан Демири, ЕСП.
Судскиот совет со мнозинство гласови ја прекина дисциплинската постапка против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Дел од членовите останаа на ставот дека на Адеми треба да и се упати укор, но повеќето од членовите оценија дека иницијативата за докажување одговорност нема основа и како таква треба веднаш да запре.
Против Адеми членот Милазим Мустафа ја започна постапката за докажување одговорност. Во оправданоста на иницијативата беа потенцирани два елементи: отсуството на седниците на советот и јавните критики за политичките притисоци за кои не проговорила пред Судскиот совет,туку пред медиумите.
Претседателката на Врховниот суд во октомври ги осуди политичките притисоци за враќање на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година, што ќе му овозможеше на поранешниот премиер Никола Груевски да се врати во државата без да подлежи на кривична одговорност и затворски казни.
Кон крајот на декември, деновите кога советот ја официјализираше дисциплинската постапка против Беса Адем, Управниот суд со правосилна одлука ја врати на функцијата претседателката на советот, Весна Дамева, која беше разрешена во спорна постапка во април минатата година. Враќањето на Дамева и останувањето на Адеми на претседателската функција се смета за голем чекор кон владеење на правото, како и зачувување на достоинството на судскиот систем. Голема улога за ова има и заложбата на амбасадорите, особено на холандскиот Дирк Јан Коп и евроамбасадорот Дејвид Гир./Алсат.мк
Адријан Керими