ВЕСТИСПОРТ

Џенова го промовираше новиот тренер


Клубот Џенова за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев, денес го промовираше новиот тренер Роландо Маран.

Договорот со 57-годишниот фудбалски стручњак е потпишан на две години.
Последната работа на Маран беше во Каљари, од каде беше отпуштен во март.
Претходно, Маран ги водеше и Киево, Катанија, Бари и Бреша.

Минатата сезона во Серија А, Џенова го зазеде 17. место, обезбедувајќи опстанок во последното коло.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button