СВЕТ

Најмалку девет лица загинаа во воздушен напад во јужна Сирија

Најмалку девет лица загинаа во воздушен напад во јужна Сирија

Најмалку девет лица, меѓу кои две деца и три жени, загинаа денеска во воздушен напад врз селото Орман во јужната сириска провинција Ал Суваида, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Advertisements

Шефот на Опсерваторијата, Рами Абдурахман, рече дека убиените луѓе немаат никаква врска со прекуграничниот шверц на дрога што постои во областа.

Според АП, тој посочил дека јорданските воздухопловни сили можеби добиле неточни разузнавачки информации од локалното население./tanjug/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button