
Работнички го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок. Сабит Билали потпиша двегодишен договор со клубот.
26-годишниот Билали во редовите на „романтичарите“ доаѓа од албанскиот тим Партизани, а во Македонија претходно има настапувано за Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Гостивар.
Билали треба да ја засили централната дефанзивна позиција во тимот на Гоце Седлоски.