Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираа говорот на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ со пароли против ставовите на претседателот во однос на преговорите за договор со Бугарија. „Идентитетот се продава, Стево молчи“, „Претседател со купени гласови“, „Тој не е мој претседател“, беа дел од транспарентите. По ваквиот гест, пратениците на ВМРО ја напуштија салата.
Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива оценија дека говорот на претседателот бил провладин и оти не бил искрен во наодите за изборниот процес на 15 јули.
„Говорот на шефот на државата беше на иста линија со Владата или мнозинските политички партии, особено во три многу чувствителни точки што се случија минатата година. Прво, претседателот ги карактеризираше изборите како демократски, додека ние имавме докази дека изборите беа со притисоци, со прекршувања и недемократски, особено во албанските општини.“
Според ДУИ, дејствувањето на опозицијата било недемократско.
„Не е добро дејствување за дел од опозицијата да ја напушти пленарната сала. Сакам да истакнам дека во говорот на претседателот акцентот беше ставен на нашата стратешка дефиниција, а тоа е членството во ЕУ.“
СДСМ имаше пофални зборови за претседателот.
На говорот присуствуваа претставници на релевантни институции и верски заедници. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не беше во салата.
Adrian Kerimi