ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата забрани прослави, а Шилегов го спрема скопскиот плоштад?!

Владата одлучи да ги забрани сите настани за претстојните празници под отворено небо. Но, од друга страна, токму во центарот на главниот град се поставуваат услужни објекти токму за Нова Година.

Advertisements

Додека една од мерките против ковид е да не се групираат повеќе од четири лица на јавен простор, тука на главниот плоштад во Скопје се поставени дрвени колиби за да се служат пијалоци за евентуална прослава за крајот на годината.

Декорацијата на плоштадот стана атракција за граѓаните кои се собираат секоја вечер. И покрај мерките, властите не можат да интервенираат, па велат дека останува во совеста на граѓаните да ги почитуваат.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој дозволил да се постават овие куќарки, тврди дека плоштадот е местото каде луѓето можат најмалку да се заразат.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека не е возможно полицијата да ја спроведе забраната за собирање на повеќе од четири лица на плоштадите. Досега не се изречени казни за тоа дело. Според нивниот извештај, од 1 мај до 30 ноември 27.226 граѓани биле казнети со по 20 евра за неносење маски, а во државната каса биле собрани близу 545 илјади евра за 6 месеци. Од Министерството за економија соопшти дека угостителските објекти нема да бидат поштедени од казни доколку не затворат по 18 часот. Новите мерки предвидуваат и забрана за изнајмување викендички, а тоа не се однесува на лица од исто пошироко семејство. Според податоците пак, во туристичките места речиси и да нема слободни места.

Adna Qaili

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button