СПОРТФУДБАЛ

Чави: Ако кажам што мислам за судењето, ќе ме санкционираат

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез го прокоментира судењето на мечот меѓу Реал Мадрид и Алмерија. По победата на Барселона на гостувањето кај Бетис, Чави беше прашан и за коментар на судењето на мечот меѓу Реал Мадрид и Алмерија.

Advertisements

„Судењето на мечот на Реал Мадрид? Ако кажам што мислам, ќе ме санкционираат, но сите го видоа тоа“, вели Чави.

 

„Веќе реков во Хетафе дека има работи кои јас не ги разбирам. Има работи кои ние не ги контролираме и сите можат да го видат тоа. Се сеќавам во Хетафе на пеналот, на голот на Жоао во Гранада… и нема зборување за тоа. Ќе имавме шест бода повеќе. Тоа не е изговор, тоа е реалност“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button