ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево, но многу студено – температури до -18 степени

По ведрото, но многу студено утро, денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури во земјава денеска ќе се спуштат и до -18 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат до 5 степени.

Advertisements

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност, но студено. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -13 до максимални 3 степени.

УХМР прогнозира стабилно време до средината на неделава со ниски утрински температури кои некаде ќе достигнат и под -15 степени. Најстудено ќе биде денеска и утре, а од четврток се очекува пораст на температурите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button