МАКЕДОНИЈА

Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство.

Advertisements

Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

-Значи на ниво на Општина тоа се вкупно 50 ученици, кои веќе нема да посетуваат настава. Инаку да кажеме од Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ имаме пријавено отсуство, меѓутоа таму родители се уште не образложиле зошто децата не посетуваат настава, таа бројка е некаде околу 25 ученика и да се надеваме дека ова второ полугодие тие ќе продолжат со наставата, ќе се вратат во училишните клупи и редовно ќе ја завршат учебната година, изјави Санева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button