ЈСП не вози, граѓаните и учениците останаа „извозени“ на студот
ЈСП не вози, граѓаните и учениците останаа „извозени“ на студот

Вообичаено овие две станици за јавен превоз се преполни со граѓани кои чекаат автобус, но денеска има малку граѓани, а оние коио се тука не чекаат автобуси поради штрајкот што се одржаа низ градот од ЈСП. Граѓаните денеска чекаат такси за да стигнат до нивните работни места или дома.
Меѓу оние кои чекаа такси имаше и ученици кои се враќаа од училиште.
„Како отиде на училиште денеска? Отидов со автобус, но после 9 немаше автобус. Автобус нема после 9 часот, не си информиран? Да, информиран сум и му се јавив на татко ми да дојде да ме земе, но тешко им е на оние што чекаат автобус“, рече еден ученик.
„Одам во Топанско Поле, се враќам од училиште. Како ќе одиш? Не знам, со такси, не знаеме што ќе правиме, ни рекоа дека ќе трае две недели. Колку е тешко да се патува со такси секој ден. Тешко е, зависи од финансиите“, додаде друг ученик.
„Дали чекате автобус? Да. Дали знаете дека вработените во ЈСП денеска штрајкуваат? Да. Како ќе се вратиш дома? Не знам. Дали им е тешко на граѓаните? Да“, рече еден граѓанин.
Додека граѓаните чекаа на студот, вработените во ЈСП чекаа плата за декември.
„Голем револт од работниците кои се во ЈСП затоа што една година си играат со чувствата на работниците. Не даваат субвенции и не земаме плата како што треба. Што сакате да им порачате на граѓаните? Се извинуваме од наша страна бидејќи дојде време да преземеме ваква иницијатива. Треба и граѓаните да разберат затоа што беше потребно да се направи овој протест бидејќи без пари ни ние не можеме да работиме“, нагласи Рони Ќерими – Член на синдикат на ЈСП.
Автобусите од јавниот превоз ја прекинаа работата во 9 часот, а потоа вработените се собраа на протест пред бараките на Град Скопје./алсат.мк
Авни Тахири