Ковачевски: Не може ВМРО да предлага министри, а друг да им ги гласа!
Ковачевски: Не може ВМРО да предлага министри, а друг да им ги гласа!

Парламентарното мнозинство и денеска се закани дека нема да ги избере техничките министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доколку партијата на Христијан Мицкоски не гласа за Талат Џафери за технички премиер. Премиерот во заминување Димитар Ковачевски, денеска изјави дека опозицијата не може да очекува некој друг да гласа за нејзините министри додека не ја поддржи новата Влада.
Како ќе постапи мнозинството и дали техничката Влада ќе се избере без министрите од ВМРО-ДПМНЕ, останува нејасно. Уставот, Законот за Влада и Законот за работа на органите на државната управа се јасни. Точно ги дефинираат процедурите како треба да се разреши, предложи и да се избере новата Влада.
„Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или неговата трајна неможност да ја врши функцијата, резултира со оставка на Владата“, стои во Устав, член 93.
Според Законот за Влада, сценариото за кое зборува Ковачевски е невозможно поради тоа што претставникот не може да предложи некомплетен кабинет, а гласањето на Владата се врши во целина, а не посебно.
Ако дојде таков предлог, тогаш спикерот на Парламентот ќе треба да го врати на докомплетирање. Законот за Влада предвидува дека 100 пред избори Владата добива технички карактер, а во случај да не се изберат министри од редовите на опозицијата, тогаш Владата не може да се нарекче таква, па мнозинството би го прекршило законот.
Опозицијата денеска најави дека до свикување на седницата ќе ги анализираат имињата на кандидатите за министри и на време ќе ги предложат. Велат дека од Талат Џафери не слушнале верзија како онаа на Ковачевски.
Седницата за констатирање оставки на премиерот и на претседателот на Собранието, а со тоа и изборот на новата Влада, вклучително и доделувањето на мандат од страна на претседателот е закажана за 26 јануари, а на 28 јануари мора да се избере техничката влада./Алсат.мк
Адриан Керими