ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Старт на второто полугодие со старите проблеми

Старт на второто полугодие со старите проблеми

Основците и средношколците се вратија во училишните клупи со стари проблеми. Останува нерешен проблемот со наставата на албански јазик во училиштето во Идризово, потоа во Чашка и други училишта во земјава кои изгубија многу часови во првото полугодие. Жителите на Идризово не знаат каква ќе биде судбината на наставата во шесто одделение. Таму учениците на крајот од првото полугодие привремено беа префрлени во ОУ „Битолски конгрес“ во Чаир, до отворање на албанска паралелка во ОУ „Његош“.

Advertisements

„Ни ветија за шесто одделение, но нема информации. Сега се подготвуваат да одат во општина да видат зошто сè уште не е направено. Не знам што прават бидејќи и општината ни вети дека ќе се отвори шестата паралелка, но нема информации. Учениците одат во други училишта бидејќи знаат што ќе се случи, има многу ветувања, ама ништо не се заврши затоа што Македонците прават паника да не се отвора“, рече еден родител.

Родителите Македонци велат дека проблемот не е надминат и остануваат на ставот против отворањето на албанската паралелка.

Во општина Гази Баба се одржа средба меѓу надлежните претставници, но без епилог.

Инаку, за првпат оваа година учениците ќе имаат и пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Основците ќе учат до 17 јуни за да го исполнат утврдениот број работни денови, 180, но за средношколците учебната година завршува на 10 јуни./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button