СПОРТФУДБАЛ

Шкупи го засили нападот со Џемал Ибиши

Македонскиот прволигаш Шкупи го засили нападот со Џемал Ибиши. 23-годишниот напаѓач потпишано договор до јуни 2025 година, откако замина од Тиквеш, тимот каде на 18 натпревари постигна три гола и забележа три асистенции.

Advertisements

Ибиши беше младински репрезентативец на Македонија во селекциите до 17, 19 и до 21 година, кариерата ја започна во Вардар, а потоа продолжи во Хрватска во Локомотива Загреб, Дубрава, Загреб, Ориент и Риека. Првиот дел од сезоната го одигра во дресот на Тиквеш.

„Среќен сум што ќе бидам играч на ФК Шкупи, клуб со големи аспирации. Најпрво сакам да изразам благодарност за топлото добредојде од моите соиграчи, стручниот штаб и раководството на клубот. Привилегија е да се биде во таква средина и да се игра пред посветена база на навивачи. Со надеж за добро здравје и спортска среќа, верувам дека ќе ги постигнеме целите што му припаѓаат на овој клуб и на сите негови навивачи“, изјави Ибиши.

Џемал Ибиши ќе му биде на располагање на тренерот Младен Жижовиќ за следните натпревари кои ќе се играат на подготвките во Анталија, Турција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button