

Alsat
18.08.2020 17:02
Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција ги чешла работодавачите кои затаија државна помош и не исплатија плата на работниците. Генералниот секретаријат на Владата бара кривична одговорност од вкупно 229 газди на фирми кои земените пари не ги дале на работниците. Предметот е веќе распределен кај надлежен обвинител.
Обвинителство за организиран криминал и корупција
„По анализа на наводите во предметот, јавниот обвинител ќе одлучи за понатамошната постапка и кои и какви дејствија ќе преземе.
Јавните обвинители согласно закон може да побараат преземање на соодветни дејствија од страна на други институции, како и ангажирање на истражители од истите.“
-Предметот е распределен кај обвинител
-По анализата ќе се одлучи за понатамошна постапка
-Поради обемноста може да се ангажираат и истражители
Првичниот список на фирми неплаќачи беше 708, но Владата одлучи да им даде рок да ги исплатат работниците, па така листата се преполови на 229 компании. Кривична одговорност ќе се бара за нивните сопственици и директори. Претходно УЈП објави и дека околу 3.750 компании на речиси 53 илјади работници им го скратиле и минималецот и вкупно исплатиле 1,5 милиони евра помалку. Алсат се обиде на добие одговор од УЈП, од Министерството за труд и од Трудовиот инспекторат колкав е конечниот број на фирми кој исплатиле помала минимална плата и дали за тоа ќе имаат некаков вид на одговорност, но секоја од овие институции одговорноста ја префрлаше кај некои од другите.
Andrea Çobanova