
Женскиот ракометен колектив на Ѓорче Петров го доби противникот за четвртфиналната фаза на Европскиот куп на ЕХФ. На извлекувањето кое го одржаа надлежните во Европската ракометна куќа, ѓорчепетровки добија ривал од Шпанија.
Најголема беше шансата да се добие шпански противик бидејќи три од осумте клуба беа од оваа земја. Ѓорче Петров ќе одигра двомеч против Елче, првиот меч го игра на гости, а вториот на домашен терен.
Покрај ова извлекување, се одредија и потенцијалните полуфинални парови и вкрстувања за најдобрите четири. Доколку скопскиот тим го прескокне Елче, ќе се судри со подобриот од дуелот меѓу Гранољерс и Гран Канарија.
Првите натпревари од четвртфиналето се планирани за 9 и 10 март, додека реваншите се закажани за 16 и 17. По комплетирањето на оваа фаза, следниот месец се планирани полуфиналињата на 20/21 и 27/28 април.
Четвртфинални парови:
Михаловче – Кабутер Венло
Елче – ЖРК Ѓорче Петров
Гранољерс – Гран Канарија
Бенфика – Јаликаваспор
FOTO: Gol.mk