ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска нормален автобуски транспорт низ Скопје

По прекинот на штрајкот на Јавното претпријатие, Скопје се врати во нормала со јавниот превоз. Граѓаните ги поддржуваат вработените во ЈСП кои преку штрајк беа принудени да си ги бараат правата, но велат дека политиката си поигрува со нив.

Advertisements

„Што да кажам, вчера беше катастрофа, ниту еден автобус не се движеше. Луѓето останаа по станиците на студеното време, децата не отидоа на училиште, работниците не стигнаа до своето работно место, имаме катастрофа во оваа држава. Денеска е подобро. Се нормализира, отидоа на работа, на училиште, денеска нема проблем. Дај Боже ситуацијата да се подобри и да не се повтори“, велат граѓаните.

Советот на Град Скопје на неколку седници по ред немаше изгласано субвенции за ЈСП за 2024 година, па вработените почнаа штрајк и престанаа да возат. Потоа Советот дури вчера вечер ги одобри субвенциите за 2024 година во износ од 11 милиони евра, во кои покрај другите трошоци, се вклучени и платите на вработените.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button