СПОРТФУДБАЛ

Арсенал ќе плати 70 млн фунти за напаѓачот на Порто

Арсенал е подготвен да плати 70 милиони фунти за да го ангажира напаѓачот на Порто, Еванилсон, во летниот преоден рок. Иако „топчиите“ изминатиот викенд постигнаа пет гола против Кристал Палас, сепак, нивниот напад не делува баш најдобро оваа сезона.

Advertisements

Арсенал има постигнато шест гола помалку од Манчестер Сити, но само осум од нив се голови постигнати од напаѓачите Габриел Жесус и Еди Нкетија.

Според „Фишајес“, Арсенал се насочил кон Португалија откако за Виктор Осимен и за Иван Тони им беа побарани 100 милиони фунти.

Еванилсон е релативно поевтин, а 24-годишниот напаѓач има одлична сезона со Порто, со 16 гола и пет асистенции досега.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button