СВЕТ

Машиновозачите во Германија повторно на штрајк

На повик на Германскиот синдикат на машиновозачи синоќа (23 јануари) започна нов повеќедневен штрајк на вработените во државната компанија Дојче Бан.

Advertisements

Штрајкот започна во товарниот превоз, а рано изутринава, а потоа се прошири и на превозот на патници.

Протестите треба да продолжат до 18 часот следниот понеделник, 29 јануари. Во текот на следните неколку дена, патниците во Германија ќе се соочат со значителни ограничувања при долги и регионални железнички транспорти.

Досега најдолгиот штрајк во Дојче Бан траеше пет дена и се одржа во 2015 година.

„Новите протести може да доведат до огромни загуби, имајќи предвид дека и другите транспортни патишта се нарушени поради ситуацијата во Црвеното Море“, изјави Мајкл Гремлинг од економскиот институт IW во Келн.

Двете страни се во спор околу колективниот договор од почетокот на ноември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button