МАКЕДОНИЈА
За брзо возење санкционирани 176 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 176 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место, соопшти МВР.