ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синдикатот: Нова неправилност во МНР, за конзул во Мелбурн оди анонимец

Македонскиот дипломатски синдикат обвинува дека повторно се прекршуваат внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи за назначување на конзули.

Advertisements

„За Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност, на која единствена квалификација, според медиумите е дека била дел од безбедносниот тим на премиерот Ковачевски“, реагираат од Синдикатот, додавајќи дека станува збор за Елена Брајковска.

Според Синдикатот, Брајковска веќе ги собрала потребните потписи во МНР пред отпочнување на процедурата за упатување. Тие негодуваат што одговорот од Министерството за назначувањето на Брајковска е дека „немало таква точка на отворена седница“, иако е познато дека ваквите назначувања се одредуваат на затворени владини седници.

„Повикуваме за итна ревизија на овие упатувања и враќање на дипломатските стандарди во државата. На крајот, сè уште чекаме на одговор од министерот Османи за флагрантното кршење на Законот за надворешни работи при упатувањето на господинот Мухаби Синани како Генерален конзул во Њујорк“, реагираат од Македонскиот дипломатски синдикат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button